17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ домаќин на поранешниот хрватски преговарач Дробњак

На покана на заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, од денеска во дводневна посета на Скопје ќе биде поранешниот преговарач на Хрватска со Европската Унија, Владимир Дробњак.

Експертот Дробњак искуствата на Хрватска во овој дел ќе ги пренесе низ низа состаноци кои ќе ги одржи денеска и утре со членовите на телата од преговарачката структура, која вчера беше усвоена на седница на Влада.

Денеска Дробњак и вицепремиерот Маричиќ ќе имаат координативен состанок, по кој следуваат состаноци со координаторите на кластери и министри задолжени за кластери и Работна комисија за евроинтеграции со државните секретари на институциите.

Искуството на Хрватска во процесот на пристапување, новата методологија и преговарачка рамка и процедурите за преговори, Дробњак ќе го претстави и пред раководната структура на Секретаријатот за европски прашања.

Дополнително хрватскиот експерт Дробњак ќе оствари и средби со претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и министерот за надворешни работи, Османи.

Поранешниот хрватски главен преговарач, Владимир Дробњак, доаѓа во време кога Северна Македонија прави интензивни подготовки за почеток на преговарачкиот процес. Неговата експертиза ќе има значаен придонес во процесот на интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ во Европската Унија и ќе биде трансфер на знаење за македонските преговарачки тимови.

Дробњак ги водеше пристапните преговори на Хрватска со Унијата, од самиот почеток па сè до крајот во 2013, а беше и првиот амбасадор на ЕУ, Шеф на постојаното претставништво на Хрватска во Брисел.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Маричиќ: Со европската перспектива обезбедуваме повеќе европски програми и нови можности за младите

M T

Маричиќ: Судските реформи се клучни за забрзување на евроинтеграциите

M T

Маричиќ: Во преговарачката рамка нема ниту едно прашање поврзано со историјата и Протоколот

M T

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

M T

Бислимоски: Интерконекторот помеѓу Северна Македонија и Грција е клучен енергетски инфраструктурен објект во снабдувањето со природен гас

M T

Маричиќ: Државниот завод за статистика се подготвува за спроведување попис на земјоделство во 2023

M T