22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

ОВА НЕМА ДА ВИ СЕ ДОПАЃА! – Еве што се случува во вашето тело ако јадете сладолед секој ден!

Навиката да уживате во сладолед секој ден може да влијае на вашето тело на многу начини, од кои некои можат да бидат штетни за вашето здравје.

Во некои околности може да ви помогне да изградите мускули

Шеќерите во сладоледот помагаат да се изградат мускулите и да се спречи разградување на протеините со тоа што предизвикува зголемување на инсулинот, вели тренерот на славните личности и нутриционист Џеј Кардиело.

– Сладоледот може да биде корисен и до два часа по тренингот – рече тој.

Хирургот др. Кристи Фан верува дека има вистина во тоа дека сладоледот е добар за закрепнување после тренинг, но предупредува:

– Клучното прашање е колку напорно вежбавте? Ако не вежбате доволно и јадете сладолед секој ден, тоа нема добро да се одрази на вашата форма.

Може да го наруши сонот

Некои луѓе веруваат дека сладоледот им помага да се смират и побрзо да заспијат, но експертите велат дека тоа е глупост.

Клучна студија вели дека јадењето храна со малку влакна и богата со заситени масти е поврзано со послаб сон и ноќен немир.

Конзумирањето повеќе шеќер, особено ноќе, ја намалува количината на длабок сон. Ако мора да јадете нешто пред спиење, изедете банана која е богата со магнезиум кој го подобрува сонот.

Негативно влијае на расположението

Храната богата со масти и шеќер, како што е сладоледот, е штетна за мозокот.

Неколку студии открија корелација помеѓу исхраната богата со рафинирани шеќери и нарушената функција на мозокот, па дури и влошувањето на симптомите на нарушувања на расположението, како што е депресијата, пишува др. Ева Селуб на блогот за здравје на Харвард.

Можеби ќе ве интересира

Можеме ли да избегаме од стресот: Еве како тој влијае на вашето тело

M T

12 дена јадела само банани: Еве што се случило со нејзиното тело

M T

Еве што се случува со телото ако престанеме да јадеме шеќер 7 дена

M T

Јадел само леб и шунка 10 години: Она што почнало да му се случува на телото ги оставило лекарите без зборови

M T

Еве како да го научите вашето тело да се буди порано

M T

Еве што се случува во телото ако пешачите САМО ДВЕ МИНУТИ после оброк

M T