17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Битиќи: Преговорите со ЕУ треба да се поттик да го напуштиме балансерот за вработување и да се фокусираме на систем на заслуги

„Преговорите со ЕУ треба да бидат поттик за сите нас да зборуваме за мерит систем наспроти одредени проценти при вработувањето. Ќе се отвори дискусија, впрочем тоа е и предвидено во Стратегиајта за Едно општество за сите“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи во Дневникот на Сител.

Тој додаде дека е време да почнеме да се однесуваме европски и наместо да гледаме низ балансер, да гледаме низ систем на заслуги за влегување во јавен сектор.

„Сите укажуваме со прст дали вработените во јавниот сектор обезбедуваат доволно услуги за граѓаните. Мој личен став е дека е време по 20 години постоење на балансерот, да влеземе во нова ера“ рече Битиќи.