22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

Болести на денешницата: Ова се симптомите карактеристични за работниците денес

Седум од 10 работници доживеале т.н синдром на исцрпеност или синдром на измамник во последната година, а повеќе од двајца од пет (42 проценти) ги доживеале и двете, според новото истражување.

Студијата, која опфати повеќе од 10.000 работници како дел од Извештајот за работна анатомија на Асана за 2022 година, покажа дека основните причини за секоја состојба може да се поврзани, при што работниците се изложени на најголем ризик да ги доживеат и двете.

Истражувањето исто така го истакна негативното влијание што исцрпеноста може да го има врз една организација, при што 70 проценти од т.н. Водачи на C-suite (извршници на различни позиции) – велат дека исцрпеноста влијае на нивната способност да донесуваат одлуки.

Дополнително, наодите покажаа дека секој што страда од исцрпеност на работното место има поголем ризик од низок морал (35 проценти); е помалку ангажиран (30 проценти); прави повеќе грешки (27 проценти); и ја напушта компанијата (25 проценти).

Експертите апелираат дека тимовите мора да бидат соодветно екипирани за да се спротивстават на овој проблем; компаниите треба подобро да го решат балансот помеѓу работата и животот. За поздрава работна атмосфера, велат, влијае и зголемувањето на бројот на вработени.

– Дополнително, лидерите имаат централна улога и можат да моделираат здрава рамнотежа помеѓу работата и животот така што ќе заминат во 17 часот за да ги земат своите деца, на пример. Меѓутоа, во денешно време е тешко да се направи тоа бидејќи никој не сака да се гледа како слабaк – вели Идрис Аршад, партнер во „St Christopher’s Hospice“.

Аршад, исто така, вели дека вработените, директорите и менаџерите на тимовите треба да работат заедно за да се осигураат дека културите на прекумерна работа нема да се шират.

– Ни требаат линиски менаџери за поефикасно да управуваат со работата и перформансите, но и вработените можат да бидат дел од проблемот и менаџерите замижуваат пред тоа. Тие се обидуваат да работат повеќе, а ние тоа го сфаќаме дури кога се целосно исцрпени – рече тој.

Меѓутоа, истражувањето исто така покажа дека повеќе од половина (51 процент) од работниците не се чувствуваат удобно да разговараат со нивниот менаџер за исцрпеност.

Кога станува збор за т.н синдром на измамник, еве што значи тоа: тоа е психолошка шема во која личноста се сомнева во своите вештини, таленти, достигнувања и воопшто во себе и има некаков страв да не биде окарактеризиран како измамник.

Можеби ќе ве интересира

Помага во смирување на многу болести: Прекрасно растение кое ви е потребно во домот

M T

Леукемијата е најподмолниот облик на рак – ова се првите симптоми на злобната болест

M T

Некои се долготрајни и не поминуваат толку брзо: Еве некои од симптомите кои се чувствуваат пред срцев удар

M T

Емоциите се поттик за сите болести: Лутината го уништува стомакот, тагата го кине срцето, а еве што прави неблагодарноста

M T

Дали сте под долгорочен притисок: Ова се симптомите на адреналински замор

M T

Спиењето е здраво: Помалку од шест часа сон може да доведе до сериозни болести

M T