4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Во овие 2 хороскопски знаци се раѓаат најинтелигентните луѓе

Секој хороскопски знак доаѓа во пакет со одредени недостатоци и доблести, но кога станува збор за интелигенција, два знака особено се издвојуваат, иако со сосема различни типови на интелигенција.

Од сите хороскопски знаци, Водолијата ја карактеризира она што прво ни паѓа на ум кога ќе го слушнеме терминот „интелигенција“, односно количник на интелигенција.

Тие имаат префинети когнитивни способности, па астролозите тврдат дека имаат највисоко ниво на аналитичка интелигенција. Токму поради оваа причина, тие се истакнуваат во сè што бара генијален ум, а спектарот на работни места совршени за нив мора да понуди разновидност, редовно нови предизвици, слобода и разиграност на умот. Од истата причина, тие презираат се што е поврзано со монотонијата, повторувањето и (досадната) рутина.

Скорпијата е вториот знак од хороскопот на чија интелигенција многумина би и позавиделе. За разлика од Водолијата, Скорпиите се познати по својата интелигенција, благодарение на која совршено го разбираат светот околу нив, а луѓето, врските и секоја животна ситуација ги гледаат многу пореално од кој било друг знак.

Нивната остроумност и проникливост можат да бидат товар кога се среќаваат со површни луѓе, но затоа, кога ќе им се дозволи да работат во средина која најмногу им одговара, може да се очекуваат само одлични резултати.

Кога станува збор за другите знаци, два знака особено се издвојуваат по својата емоционална интелигенција – Раковите и Рибите, додека Близнаците и Вагите исто така имаат одлични ментални способности.

Биковите, Девиците и Јарците се карактеризираат со практична интелигенција, додека Овните, Лавовите и Стрелците можат да се пофалат со силна интуиција, благодарение на која речиси никогаш не прават погрешни деловни потези. Ова е главната причина зошто овие знаци често се на водечки позиции.

Можеби ќе ве интересира

За овие 3 хороскопски знаци оваа недела ќе биде најсреќна во ноември

M T

Три знаци ќе се заљубат: Овој го чека СУДБОНОСНА ЉУБОВ

M T

Среќата ги следи: ОВИЕ четири знаци до крајот на годината ќе најдат СРОДНА ДУША

M T

Знаци дека детето има висок коефициент на интелигенција: Внимавајте на МАЛИТЕ ДЕТАЛИ

M T

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

Овие хороскопски знаци се заљубуваат во физичкиот изглед, а не во срцето

M T