8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ГЕРБ на Борисов до Собрание го поднесе предлогот за решавање на спорот со Скопје

Пратеничките групи на ГЕРБ-СДС и ДПС доставија два нацрти до Народното собрание за решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје.

Документот на ГЕРБ се нарекува „Нацрт-акција на Советот на министри за одобрување на нацрт-преговарачка рамка и нацрт-заклучок на Советот на ЕУ за европска интеграција на Република Македонија“. Предлог-одлуката е поднесена утрово.

Синоќа беше доставен документот на ДПС, како што најави лидерот на партијата Мустафа Карадај по изгласувањето недоверба со кое беше урната владата на Кирил Петков. Документот на Движењето е наречен „Предлог-одлука за одобрување на нацрт-преговарачката рамка на француското претседателство за преговори за членство на РС Македонија и Албанија во ЕУ“, предложена од француското претседателство.

БГНЕС потсетува дека францускиот предлог се состои од три независни елементи кои целосно можат да одговорат на прашањето дали РСМ е подготвена да ги започне преговорите за членство во ЕУ, пишува медиум.

Првиот документ, нацрт-заклучоците на Советот, кажува дека темата „билатералните односи Скопје-Софија“ ќе биде дел од преговарачкиот процес. Овој документ, како и вториот документ, преговарачката рамка, се однесува на трет, клучен документ – билатерален протокол во кој нема ништо француско и целосно е производ на договор меѓу министерствата за надворешни работи на двете земји. Ова е всушност патоказот со конкретни заложби и фази кои Скопје мора да ги спроведе за возврат да го укинеме ветото.

Можеби ќе ве интересира

НОВ ТЕМПЕРАТУРЕН ШОК ВО НАЈАВА – Синоптичарите излегоа со прогноза за следните 4 дена, чувајте се!

ДЕСК

Откако било пријавено дека на улица во Скопје има вооружени лица со автомати, отишла полиција која била нападната – Детали за ужасниот инцидент во кој се уапсени три лица

ДЕСК

МЕТЕОРОЛОЗИТЕ НАЈАВУВААТ НОВ ТОПЛОТЕН БРАН: “Здравство” излезе со вонредно соопштение за зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

ДЕСК