5. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИК

Бидете сити уште од раните утрински часови: Овие намирници најдобро е да ги јадете на празен стомак

Појадокот е многу важен оброк – може или да ви го разубави денот или да ви го наруши.

На вашите органи им треба време да се разбудат и да се движат. Нутриционистката Ловенет Батра од Њу Делхи составила листа на намирници кои ќе ви го забрзаат метаболизмот и ќе бидат одлично „гориво“ за организмот успешно да го започне денот.

Еве кои намирници би било добро да ги јадете пред појадок или на празен стомак:

Бадеми
Ова јаткасто овошје е богато со најважните витамини и минерали, а многу е корисно да изедете пет до 10 бадеми после подолг период без јадење. Ова ќе ви обезбеди многу хранливи материи и нема да чувствувате глад толку често во текот на денот.

Одлична идеја е бадемите да ги потопите во вода, бидејќи на тој начин тие имаат уште посилна моќ – лушпата на ова овошје содржи танин, кој ја подобрува апсорпцијата на хранливите материи, а кога кората од бадемот е добро натопена, хранливите материи полесно се ослободуваат. .

Мед со топла вода
Добро е познато дека оваа комбинација го подобрува варењето и благотворно делува на имунолошкиот систем, а кога се зема на празен стомак – одлично делува на метаболизмот.

За разлика од многу пијалоци за слабеење кои се препорачуваат, комбинацијата на вода и мед, понекогаш со додавање на лимон, има многу малку калории и дава енергија и поттикнува детоксикација.

Суво грозје
Сувото грозје содржи висока концентрација на калиум и железо. Потопете го сувото грозје во вода преку ноќ, бидејќи така ќе ја зголемите апсорпцијата на хранливи материи.

Бидејќи сувото грозје е полно со природни шеќери, ја зголемува енергијата наутро и ве подготвува за остатокот од денот.Исто така, помага во регулирање на нивото на шеќер во крвта.

Лубеница
Идеално време за уживање во лубеницата е наутро, односно идеално е да се јаде на празен стомак бидејќи е многу богата со електролити, лесна е и има многу различни хранливи материи.

Чиа семе
Овие ситни семки ги содржат сите девет есенцијални аминокиселини, а има и есенцијални масни киселини, магнезиум, железо, витамини од групата Б… се меша со свежо овошје.

Можеби ќе ве интересира

Дали сте еден од нив? До крајот на летото доаѓаат неочекувани пари за два хороскопски знаци!

ДЕСК

Љубовен хороскоп за август 2025

ДЕСК

Дневен хороскоп за 5-ти август 2025

ДЕСК