23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Град Скопје со демант до Град Скопје за пристапната рампа во Сарај

Град Скопје на 25.05.2022 година објави дека се гради пристапна рампа кон пешачкиот мост во Сарај за лицата со потешкотии во движењето кој гласи:

Екипите на ЈП „Улици и патишта“, по налог на Град Скопје, деновиве интензивно работат на изградба на рампа за пристап на лицата со потешкотии во движењето кон пешачкиот мост во Сарај.

Пристапната рампа е поставена паралелно со скалите. Во тек се подготовките за бетонирање.

Со изградбата на оваа рампа ќе се овозможи полесен пристап до мостот во Сарај за сите граѓани, за лицата со потешкотии во движењето, за родителите со мали деца, велосипедистите и за рекреативците. Изградбата на рампата се очекува да заврши до крајот на месецов.