Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поплавени дворови, подруми и ниви во Општината Чешиново – Облешево, не се чистеле каналите

Во Општината Чешиново – Облешево во повеќето од населени места се поплавени дворови, подруми, ниви со неожнеан ориз и житни култури, што е резултат на обилните дождови што го зафати регионов неделава. Веќе неколку дена се користи градежна механизација, пумпите на Територијална противпожарна единица од Кочани, исто така работат со полна пареа. На ваков начин се прават обиди да се санираа штетите и да не се дозволи водата од каналите и реките да влезе во селата.

Кризничиот штаб на Општината Чешиново-Облешево е на терен, а градоначалникот Јорданчо Костадинов бара помош и од државните институции за да се справат со поплавите.

– Ние, со малите можности што ги имаме со Јавното комунално претпријатие, неколку дена се бориме со овој проблем и бараме најсоодветни решенија. Излезени сме на терен со капацитетите кои ги имаме, но сепак морам да апелирам до целата јавност да пружи помош на нашата општина, бидејќи со тоа што ние го располагаме како капацитет не е доволно да се справиме со овој проблем, алармира градоначалникот на Општината Чешиново – Облешево.

Мештаните на Чешиново и Облешево велат дека причина за поплавите во нивните села се неисчистените канали, појава, што според нив, се повторува повеќе години наназад.

Во понеделник во поплавеното подрачје ќе се формира Комисија, а граѓаните ќе имаат можност да пријавуваат штети./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +