22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се откажат од патните трошоци а платите да ги вратат на граѓаните

Соопштение на СДСМ:

Пратениците во Собранието се избрани од народот и се платени со пари од граѓаните, за да ги застапуваат нивните интереси, да носат решенија во интерес на граѓаните и државата.

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои го блокираат и бојкотираат Собранието, кои не работат ништо, не смеат да бидат платени од граѓаните за својата неработа и деструктивно однесување.

Со оглед дека не ги извршуваат своите задачи за кои се платени и ја попречуваат работата на целото Собрание, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ треба да се откажат од платите, дневниците, патните трошоци, службените телефони и овие пари да ги вратат на граѓаните, затоа што во вакви околности сето тоа не треба да им следува.

Ако се земе бројот на пратеници и просечната плата на еден пратеник, тоа се 40.000 евра народни пари за еден месец само за пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата и тоа само за основните плати.

Дополнително, пари од граѓаните добиваат и за дневници, за патни трошоци, за службени телефони.

Кога се одлучиле наместо на граѓаните, да му служат на нивниот партиски шеф Христијан Мицкоски, тогаш од него нека бараат плати за ваквото деструктивно однесување на штета на граѓаните и државата.

Оваа пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ ќе остане запаметена како најнеодговорна и најдеструктивна пратеничка група во Собранието.

ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија која во време на криза се обидува да го закочи нормалното функционирање на државата и да блокира се што е во интерес на граѓаните.

СДСМ силно се спротивставува на овие блокади, нема да дозволиме тие да ја вратат државата назад.

Ќе најдеме начин да ги донесеме законите од интерес на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ќе остане изолирана во своите деструктивни политики.

Можеби ќе ве интересира

Следната година повисоки плати и пензии

CENTAR MKD

Колева: Платите на наставниците за пет години ги зголемивме за 36 отсто

M T

СДСМ: Платите во образованието ги зголемивме за 36%

M T

СДСМ: Ги зголемивме платите на наставниците за 36 отсто, ВМРО-ДПМНЕ само 4 отсто

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

СДСМ: Почеток на учебната година со поголеми плати за наставниците и инвестиции во образованието

M T