Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

Опозицијата се обединува против мигрантските договори на ДПМНЕ, најави СДСМ

Прес конференција на СДСМ, Претседател Венко Филипче:

Им благодарам на претставниците на сите партии од нашата коалиција кои се одѕваа на мојата покана да денес поразговараме за најважниот и најголем проблем а тоа е тајниот договор за мигранти на оваа влада со Велика Британија.

Разговаравме за сериозноста на состојбата во која сме соочени и притоа секој од нив даде свое мислење. Сите учесници се согласија дека е огромна опасност за Македонија да се вовлече во еден таков модел со којшто што мигранти ќе доаѓаат во нашата земја. Еве гледаме дека први мигранти доаѓаат во Косово и во Албанија.

Јас сум задоволен и благодарен што сите ја поддржаа предлог Резолуцијата за прекинување на овој процес за примање на мигранти и секако дадоа и свои конструктивни предлози.

На сите им е позадината кристално јасна, ние сме решени заедно да се бориме.

И ова е силна порака кога сме заедно, можеме многу повеќе. И тоа е многу охрабрувачки, поради тоа што резолуцијата не е партиско решење, ниту предлог. Тука се работи за државничко и граѓанско прашање. Ова е практично договор со народот на Македонија.

Резолуцијата јасно и недвосмислено треба да гарантира дека во Македонија нема да се прифатат мигранти како резултат или како дел од било какви тајни договори, разговори, пакети или условени кредити. Уште еднаш ги повикувам ВМРО ДПМНЕ, премиерот Мицковски да не молчат, да одговорат на нашите повици, заеднички да ја потпишеме оваа резолуција и да ја поднесеме и да ја изгласаме во Собранието. Само така, ќе бидеме сигурен дека мигранти за пари во Македонија нема да има.

Политичко општествената акција која што ја започнавме продолжува и понатаму. Оваа платформа ќе се шири со претставници на граѓанскиот сектор, на младите, на синдикатите, на сите демократски сили, на студентите, со една, единствена цел. Одбрана на државата, на демократијата и на безбедноста на граѓаните.

Ви благодарам

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски им порача на граѓаните дека ќе ја платат цената додека цело ВМРО си обезбеди пасоши од ЕУ преку Бугарија

ДЕСК

Родителите работат, децата ги расте телефонот: Дали го губиме семејството?

ДЕСК

НЕВРЕМЕ И ТЕМНИ ОБЛАЦИ НАД МАКЕДОНИЈА ВО НАЈАВА: Детална четиридневна прогноза

ДЕСК