Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Мицкоски да одговори – ќе ја поддржи ли Резолуцијата?

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, го повика премиерот Христијан Мицкоски, да даде јасен став дали ќе ја поддржи предлог Резолуцијата за прекинување на процесот за примање мигранти во Македонија.

„Уште еднаш ги повикувам ВМРО ДПМНЕ, премиерот Мицковски да не молчат, да одговорат на нашите повици, заеднички да ја потпишеме оваа резолуција и да ја поднесеме и да ја изгласаме во Собранието. Само така, ќе бидеме сигурен дека мигранти за пари во Македонија нема да има.“, рече Филипче.

„Резолуцијата јасно и недвосмислено треба да гарантира дека во Македонија нема да се прифатат мигранти како резултат или како дел од било какви тајни договори, разговори, пакети или условени кредити“, истакна Филипче, нагласувајќи дека станува збор за државничко и граѓанско прашање, а не за партиски интерес.

Можеби ќе ве интересира

Левица: Терор од брзите кредити со амин од власта – изнудувачи доаѓаат дома и ги заплашуваат семејствата

ДЕСК

Митева: Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ отвора бесплатен телефонски број за жртвите од семејно насилство со цел правна помош и советување

ДЕСК

Перински: Здравствениот систем е првиот контакт на жртвите на насилство, затоа е многу битно здравствениот работник да има утврден протокол и правилник за помош

ДЕСК