23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Груевски и Мијалков се најдоа на црната листа на САД

Поранешниот премиер Никола Груевски и ексшефот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, се најдоа на црната листа на САД, соопшти Стејт департментот.

Покрај нив, на црната листа се најде и Гордана Тадиќ која беше главна обвинителка на Босна и Херцеговина.

Американската влада соопшти дека се решила на ваков чеков како одговор на нивната вмешаност во значителна корупција.

„Нивните постапки го поткопаа владеењето на правото, демократските институции и јавните процеси во двете земји и ја нарушија довербвата на јавноста во владите. Додека беше премиер, Груевски беше вмешан во коруптивни дела кои вклучуваа искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист. Постојат веродостојни информации дека Груевски ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, присвојувал државни средства и се мешал во избворните процеси за да има политичка корист за себе и за неговата партија“,

пишува во одлуката на Стејт департментот.
И за Мијалков е наведено дека бил вмешан во коруптивни дејствија кои вклучувале негово политичко влијание и моќ за личен бенефит.