Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

СДСМ: Груевски, шефот на Мицкоски на црната листа на САД, уште една потврда за големиот степен на криминал во ВМРО-ДПМНЕ

Соопштение:

Никола Груевски, шефот на Христијан Мицкоски и човек кој се уште управува со ВМРО-ДПМНЕ е ставен на црната листа на Соединетите американски држави.

Груевски, како што објави Стејт Департментот и како што знаат граѓаните, вмешан во коруптивни дела како искористување на неговото политичко влијание и моќ за лична корист, ја злоупотребил моќта на својата функција за да бара и зема мито во замена за владини договори, но и присвојувал државни средства и се мешал во изборните процеси.

На оваа црна листа покрај Груевски е и неговиот братучед, Сашо Мијалков.

Ова е уште една силна потврда за размерот на криминалот кој постоел во врвот на ВМРО-ДПМНЕ, таа криминална и режимска матрица и ден денес е силно присутна во опозициската партија.

Дел од клучните луѓе на Груевски и режимот, денес се клучни луѓе на Христијан Мицкоски, затоа ВМРО-ДПМНЕ останува единствена партија на криминалот, партија која работи на штета на интересите на државата и граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Дождови и магла од петок, во недела се очекуваат пообилни врнежи

ДЕСК

МИЦКОСКИ ОЧЕКУВА СОРАБОТКАТА СО СРБИЈА ДА ПРОДОЛЖИ – Опозицијата бара одговори за можни врски

ДЕСК

СДСМ: Како да има Мицкоски добри односи со студентите од Србија, кога Вучиќ им праќаше силеџии да им ги кршат главите, а тој со него пиеше вино?

ДЕСК