Centar.mk
фотографија: Центар.мк
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Во понеделник попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.

Прогноза за 03.11.2025
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Променливо облачно, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла. Попладне и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 04.11.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Променливо облачно и посвежо, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 05.11.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде посвежо и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Кривична пријава против делчевец затоа што намерно предизвикал шумски пожар

ДЕСК

ПРЕД ПРАЗНИКОТ ПРОВЕРЕТЕ ГО КАЛЕНДАРОТ: Еве кои неработни денови следуваат до крајот на 2026

ДЕСК

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ПРЕДИЗВИК ЗА УНИВЕРЗИТЕТИТЕ: Министерката Јаневска на панел дискусија во Скопје

ДЕСК