Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ во континуитет ја блокира работата на Собранието

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието наместо да се посветат на интересите на граѓаните, во континуитет посветени се на блокади, деструкции и искористување на овој орган исклучиво за лични и партиски интереси, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека цел ден вчера пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го блокираа разрешувањето на член на Комисијата за избори и именувања и не дозволуваа волјата на гласачите да биде пресликана и во работните тела на Собранието.

Во изминатата година и пол ВМРО-ДПМНЕ блокира 30-40 закони кои се од суштинско значење за граѓаните.

Еден од законите кој ВМРО-ДПМНЕ речиси цела година го блокираат е Законот за наставници и стручни соработници, кој предвидува нивниот коефициент на плата да се корегира со пораст на минималната плата, а целата јавноста виде дека се подготвени да применат и физичко насилство само за да не усвојат овие измени.

ВМРО-ДПМНЕ со месеци го блокира Законот за служба на Армијата, односно решението за припадниците на Армијата со навршени 45 години.

ВМРО-ДПМНЕ претходно се противеше на раст на минималната плата, нивните функционери заплашуваа дека ќе колабира домашната економија ако минималната плата се покачи.

ВМРО-ДПМНЕ е насочена директно против итересите на граѓаните и интересите на државата како ниедна друга опозиција во светот.

СДСМ и парламентарното мнозинство имаат одговорност да овозможат нормална работа на Собранието и неговите работни тела.

За нас, интересите на граѓаните се на прво место и ќе направиме се законите да бидат донесени и да обезбедиме подобар животен стандард за граѓаните.

Нема да дозволиме да успеат блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

Мицкоски од Брисел: Ги повторивме нашите позиции за Македонија

ДЕСК

Полицијата трага: Исчезна 17 годишно дете

ДЕСК