Centar.mk
фото centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Измамите не запираат, СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

Во изминатиот период во Секторот за внатрешни работи Битола, од страна на граѓани, пријавени се кривични дела „измама“, извршени врз повозрасни лица. Сторителите ги доведуваат во заблуда лицата на тој начин што им се јавуваат телефонски и им се претставуваат како службени лица, најчесто полициски службеници и од нив бараат финансиски средства за ослободување од кривичен прогон на нивни деца или внуци кои, наводно, непосредно пред јавувањето направиле сообраќајна несреќа со смртни последици или во која истите биле тешко повредени па треба да се даде одредена сума на пари за да се изврши операција .

СВР Битола ги известува граѓаните дека се преземаат мерки и активности за расчистување на досега пријавените кривични дела и воедно, апелираме до граѓани да не наседнуваат на ваквиот вид на измами, а доколку бидат контактирани, веднаш да пријават во полиција..

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРЕНОСТ И СТРАВ КАЈ НАСЕЛЕНИЕТО, МАСОВНА ТЕПАЧКА ПРЕД „ЈАНЕ САНДАНСКИ“ – Едно лице повредено, едно приведено, МВР откри детали

ДЕСК

ДОАЃААТ ОБИЛНИ ДОЖДОВИ И ЗАЛАДУВАЊЕ – Циклон ќе ја зафати Македонија, се очекуваат над 60 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК

ДИК СО НОВИ ПОДАТОЦИ ЗА ИЗБОРИТЕ – Денешното гласање во Брвеница помина без проблеми

ДЕСК