Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Тупанчевски: Потребно е конкретизирање на одредбата за злооупотреба на службена положба

„Одредбата за злоупотреба на службена положба и овластување на многу форуми сум ја нарекувал „рисајкл бин“. Бидејќи ако не знаете за што да обвините, повелете употребете злоупотреба. Прееластична е и дава сериозен комодитет на субјектите кои правораздаваат да интерпретираат како може да се примени“ кажа министерот за правда, Никола Тупанчевски во емисијата „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека, од друга страна, доколку се погледне казнената политика за оваа одредба, тогаш има контрадикторност, бидејќи најчесто одлуките се усллови.

„Во Германија на пример ваква одредба не постои, тие ги конкретизираат облиците на злоупотреба. Ние сме навикнати да сме комотни со употребата на оваа одредба, за која што сметам дека колку што помага толку и одмага“ кажа Тупанчевски.

Министерот за правда додаде дека обиди за нејзино „неутрализирање“ имало и во Србија и во Хрватска, но сепак и двете држави, иако стигнале до некаде, сепак на крајот ја вратиле.

Можеби ќе ве интересира

ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

C +

Од понеделник значителна промена на времето, се најавуваат обилни врнежи од дожд и пад на температурите – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Сообраќајка на патот Струмица – Радовиш, сообраќајот е во целосен прекин и се пренасочува

ДЕСК