Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Тупанчевски: Советот на јавни обвинители како да не знае што се случува, никогаш не разрешил обвинител

„Советот на јавни обвинители откакоа постои не изрекол ниту една дисциплинска и не разрешил ниту еден обвинител. Илузорно е да очекуваме дека во 30 години ниту еден обвинител не погрешил“ кажа министерот за правда, Никола Тупанчевски во „Вин-вин“ на Телма.

Тој додаде дека Судскиот совет и Советот на јавни обвинители треба да бидат главните фигури со капацитет, храброст и доблест да се занимаваат со квалитетот на работата на судиите и јавните обвинители.

„Советот на јавни обвинители и Судскиот совет треба да се на ниво на задачата и да ги извршуваат ингеренциите кои им се дадени со закон и Устав“ кажа Тупанчевски.

Тој додаде дека Јавното обвинителство подготвува годишни, полугодишни, месечни извештаи и дека не може обвинителите да не знаат што се случува во нивниот работен дом и како постапуваат останатите нивни колеги.

Можеби ќе ве интересира

МАСОВНА ТЕПАЧКА ВО СКОПЈЕ: Две лица тешко повредени, единаесет приведени

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО КИСЕЛА ВОДА: Осумдесет и двегодишен маж и седумдесет и тригодишно лице физички нападнати од помлад скопјанец

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ДЕВЕ БАИР: Возач на товарно возило приведен по контрола

ДЕСК