22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Окрупнува поддршката за Петре Шилегов за вториот круг

По завршувањето на првиот круг од локалните избори во неделата и добиените резултати, започна обединувањето на демократските сили во државата.

Со повик за поддршка на кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Шилегов, се јави Бујар Османи од ДУИ кој на прес-конференција изјави дека Скопје е денес град кој несомнено покажува дека еднакво се грижи за сите негови граѓани.

„Во овие четири години видовме дека приоритет на градот можат да бидат и реоните каде живеат Албанци, видовме развој на досега неправедно запуштените реони на градот, видовме што значи да се гради мултикултурен град, со почит и кон јазичното шаренило, почит кон образованието на мајчин јазик, воопшто како се гради доверба меѓу сите граѓани на Скопје“, изјави Османи.

Демократскиот процес кој веќе е во тек не смее да запре и сега е време за обединување на сите демократски сили против кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и враќањето на едно темно поглавје од македонската современа историја и раните на овој народ кои сè уште не се залечени.

Претседателот на Владата, Зоран Заев, во изјава за медиумите вчера кажа дека пораката од граѓаните е примена, додаде дека жолтиот картон е примен и дека е јасен сигналот за промени во општеството.

„Граѓаните ни упатија јасна критика, опомена, би рекол и казна, ние тој став, тој глас го слушаме, го разбираме и го уважуваме. Барам да се сплотиме и обединиме околу оваа наша јасна и заедничка цел, да се обединиме сите. Во име на сè што постигнавме досега сакам да пратам јасна порака на заедничко дејствување, бидејќи постои ризик земјата да ни се врати назад“, изјави Заев.

Во текот на вчерашниот ден стигна потврда и од сите коалициски партнери во владата за останување во владината коалиција и поддршка на демократските промени кои се случуваат на сите општествени полиња во државата.

Албанските партии Беса и ДПА и помалите коалициски партии во владата ДОМ, ЛДП, ДС, ВМРО-НП, Нова Алтернатива, Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, Партијата на пензионери ПП, Партијата за економски промени 21 ПЕП 21 потврдија дека остануваат посветени на евроинтегративната насока која ја води државата напред.

Поддршка стигна и од партиите на малцинствата во државата, Партијата за европска иднина ПЕИ, Демократската партија на Турците ДПТ, Сојузот на Ромите од Македонија СРМ, Партијата за демократски просперитет на Ромите ПДПР, Демократски сојуз на Власите од Македонија ДСВМ, Партијата за општествен и економски напредок ПОЕН, Партија за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР, Партијата на пензионери ПП, Партијата за економски промени 21 ПЕП 21.

„ВМРО-ДПМНЕ не се реформираа, не ги препознаа направените грешки, се амнестираа за криминалите направени во текот на нивното владеење. Сè додека не го направат ова, не смеат да се вратат на власт. Зошто би го сакале назад истото ВМРО-ДПМНЕ кое едвај го симнавме од грбача. Нема логика“, напиша на социјалните мрежи професорката Мирјана Најчевска.

Скопје е слободарски и прогресивен град и мора да остане град каде граѓаните одлучуваат. Не смее да се дозволи ниту Скопје, ниту кој било друг град во земјата, да се врати назад во времето на поделби, лажни митови и криминал од историски размери.

Пораката од граѓаните на Скопје е апсолвирана и истата ќе биде преточена во наредните активности кои градот ќе ги реализира уште од првиот ден на мандатот. Скопје мора да оди напред и скопјани немаат никаква желба да се враќаат во минатото, во автократијата, лажниот барок и спомениците кои се сè уште неми сведоци на едно време кое не така одамна владееше во градот.

Можеби ќе ве интересира

МЗШВ: Финасиска поддршка до 29 апликанти за набавка на опрема за производство на тутун

M T

Груби: Разговараме со пратеници од опозицијата за поддршка на уставните измени

M T

58-ма Владина седница: Претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел ја пренесе поддршката на ЕУ за почеток на преговорите со Северна Македонија; Усвоен дополнет Предлог-Буџет за 2022 година; предложен нов Закон за енергетика усогласен со прописите на ЕУ

M T

СДСМ: Нова поддршка за земјоделството, полесно исплаќање субвенции и 100% зелена нафта за земјоделците

M T

Ковачевски: 400 милиони евра поддршка за животниот стандард и економската стабилност

M T

Стабилноста на финансискиот систем – поддршка на домашната економија

M T