3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАБИЗНИС

Жените во руралните средини и нивната економската независност се стратешки приоритет на Рурална Коалиција

Рурална Коалиција во својот стратешки план за периодот 2021-2025, како свој стратешки приоритет ја зацрта поддршката на жените и младите фармери во руралните средини, со цел подобрено искористување на финансиската поддршка во земјоделието од нивна страна.

Посебно значаен сегмент во дејствувањето на Рурална Коалиција ќе биде насочен кон подобрување на условите за постигнување поголема економска независност на руралните жени. Во таа насока, Рурална Коалиција ќе се залага за поголема информираност и вклученост на руралните жени во искористување на мерката 115 за поддршка на руралниот развој преку програмата за рурален развој и ИПАРД фондовите.

Исто така од организацијата најавуваат дека ќе организираат обуки и едукации за руралните жени со цел зголемување на нивните вештини и знаења за социјално претприемништво и бизнис планирање и ќе продолжат да се борат против дискриминацијата на жените во руралните средини преку едукација за намалување на стереотипите и предрасудите. Како посебно значаен аспект во делувањето го посочуваат учеството во иницијативи со кои ќе се промовира родова рамноправност.

“Постигнувањето на поголема родова рамноправност и справување со постојаните нееднаквости, многу често, значи да се работи различно со жените и мажите, да се препознаат различните пречки со кои тие се соочуваат, но и различните потреби, приоритети и аспирации.” – велат од организацијата.

Заложба на Рурална Коалиција е постојано да го промовира концептот на родово-одговорно буџетирање при дизајнирањето на сите јавни програми и политики, со посебен акцент на тие кои имаат за цел да го унапредат животот на граѓаните во руралните средини и посебно жените, со што ќе се намали нееднаквоста меѓу половите и ќе се поттикне поголема економска активност од жените и ќе се обезбеди нивна оддржлива економска независност.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Пет причини зошто жените избираат доминантни мажи: ЧЕТВРТАТА може да биде КЛУЧНА

M T

Од афери со шефови до мајстори: Девојки кажаа каде и со кого НАЈЧЕСТО ги изневерувале своите партнери

M T

Судир на демонстрантите и полицијата во Иран, жени палат шамии

M T

Мистеријата конечно е решена: Еве зошто на жените често им е поладно отколку на мажите

M T

ЖЕНИТЕ ГО ОТКРИВААТ МАГИЧНИОТ БРОЈ: Ова е нивната идеална големина на МАШКОСТ, а СЕ ПОД ОВИЕ БРОЈКИ Е ПОНИЖУВАЧКИ

M T

Тренчевска: Ние, жените во политиката, кои исто така не сме поштедени од насилство, уште похрабро и одлучно да застанеме против насилството

M T