Сезона е на настинка и грип, затоа бидете подготвени. Зајакнете го вашиот имунитет природно со овој моќен напиток што можете да го направите дома.
Ви требаат само четири состојки, кои имаат антимикробно дејство и содржат висок процент на витамини, минерали и други хранливи материи кои се потребни за да се заштитите од вируси и грип.
Покрај тоа, консумирањето на овој напиток може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер и холестерол во крвта, а исто така ќе ја подигне вашата енергија. Антиоксидантните супстанции на овој напиток ќе ги спречат воспалителните процеси во телото и позитивно ќе влијаат на одбранбениот механизам на телото.
Состојки: 2-3 кесички чај од камилица, 30 мл јаболков оцет, 30 мл свежо исцеден сок од лимон, 1 лажица домашен мед.
Подготовка: Истурете врел чај од камилица и оставете го да отстои 5-10 минути. Исцедете го чајот и додадете јаболков оцет, сок од лимон и мед. Промешајте го напитокот и оставете да се излади. По желба, можете да додадете и свеж сецкан ѓумбир.