16. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Анкета на Рејтинг: Шилегов со 8,7% предност пред Арсовска во првиот круг

Последното истражување на Агенција Рејтинг покажува дека во Скопје актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ и коалцијата, Петре Шилегов има предност од 8,7% пред главната против кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Данела Арсовска.

На трето место се наоѓа кандидатот на Левица, Петар Георгиевски Камиказа со 6,7%, следи Ана Петровска со 4,5% па Бени Шаќири со 2,3% и Александар Тортевски со 1,2%.

Сите останати кандидати имаат под еден процент поединечно или вкупно заедно 2%.

Истражувањето е спроведено по пат на интервју лице в лице, на репрезентативен примерок од 1200 испитаници во периодот од 2 до 9 октомври. Статистичката грешка изнесува +/- 2,9% во рамки на општиот примерок.

Резултатите се презентирани само од определените гласачи.

Можеби ќе ве интересира

ДПИ со контроли за попустите на училишниот прибор, казните за непочитување се од 800 до 10.000 евра

C +

Утре, променливо облачно време, попладне краткотраен дожд и грмежи

C +

ЗНМ алармира: Недостигот на правила за платена политичка реклама во онлајн медиумите создава корупциски ризици

ДЕСК