19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+ТЕМАКУЈНА

Пробајте специјалитет од француска кујна: Топено сирење со пире од компири

Француската кујна е непресушен извор на феноменални јадења, а едно од нив е алиго, мека и вкусна комбинација од пире од компири, путер, павлака и сирење.

Алиго е специјалитет кој потекнува од Прованса, и се служи како идеален додаток на месото, но и зеленчукот.

Се подготвува лесно и брзо.

Состојки:
450 гр компири; 3 чешниња сецкан лук ; 25 гр путер; 225 гр стопено сирење; сол; бибер

Подготовка:
Гответе ги компирите, по 30 минути изгмечете ги како за пире од компири, додадете путер, лук и рендано сирење. Зачинете.

Вратете ја храната на рингла и промешајте на тивок оган со дрвена лажица.

Некои додаваат и малку крем сирење или павлака за готвење.

Послужете додека сирењето во компирот се’ уште е стопено.

Спонзорирано: