Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Илиевски во Студена Бара на пријателски фудбалски натпревар им подели дресови на двата тима

Денеска кандидатот за градоначалник Илиевски присуствуваше на пријателски фудбалски натпревар помеѓу ФК „Ран производ“ и ФК „Речица“ кој се одржа во Студена бара.

„Им порачав две работи: сите обврски на клубовите ќе ги покрива општината и еден фудбалски клуб од општина Куманово, да влезе во втора лига. Град со 120.000 жители срамота е да нема клуб макар во втора лига.“- рече Илиевски.

„Во соработка со Владата ќе се направи проект реконструкција на Градскиот стадион. Сите заедно да навиваме за наши играчи, да се радуваме на сопствени играчи, за нови спортски победи во Куманово.“- потенцираше Илиевиски.

Илиевски им врачи фудбалски дресови на двата фудбалски тима.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Ги повикувам сите што знаат дека со оваа власт нема иднина да се приклучат во Фронтот

ДЕСК

Шест возачи лишени од слобода поради безобѕирно управување – тројца биле под дејство на алкохол, двајца предизвикале сообраќајни незгоди

ДЕСК

Николоски на терен: Во Могила градиме улици, канализациони и водоводни системи, спортски комплекс и градинка

ДЕСК