Прес-конференција на СДСМ, Дарко Каевски, пратеник на СДСМ:
Скандал со парцели во Долно Соње води директно до актуелниот и сегашен кандидат за градоначалник поддржан од Христијан Мицкоски, Стефче Трпковски.
Погледнете ги овие 28 имотни листови. Бројни парцели, со илјадници метри квадратни во Долно Соње за краток период станал сопственик само еден човек, близок до градоначалникот.
Хектари се во прашање овде, над 30 илјади метри квадратни купено земјиште за само неколку години.
Како е можно еден човек близок до актуелниот градоначлник Трпковски за краток временски период да купи 30 илјади метри квадратни земјиште?
Дали станува збор за дил ориентед релации кум-кумашин, како во времето на Никола Груевски и богатење на грбот на граѓаните?
Сите надлежни институции имаат обврска по допрен глас да го проверат овој случај и да ја информираат јавноста
Градоначалникот на општина Сопиште Стефче Трпковски треба да излезе пред граѓаните и да објасни како негов близок за само неколку години станал сопственик на илајдници метри квадратни земјиште.
Која е улогата на Трпковски во овој скандал со „парцели во Долно Соње“ од 30 илјади метри квадратни?
Очигледно актуелната локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ во општина Сопиште и градоначалникот од ВМРО-ДПМНЕ ги повторува и утврдува лекциите научени од времето на Никола Груевски.