Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОРвест

Наумоски: Стојкоски ја донесе одлуката Сеад Кочан да земе пола парк за да гради Трговски кој пропаѓа со години, ние најдовме решение за проблемот

Александар Стојкоски како претседател на Советот беше вклучен во носењето на Одлуката за јавно приватно парнтерство со која на Сеад Кочан му се отстапи огромна површина од паркот за да гради шопинг мол и општинска зграда, истакна кандидатот за градоначалник на Ѓорче Петров, Александар Наумоски во гостување на радио Канал 77.

„Гордиевот јазол за зградата на „Трансмет“ наменета за Трговски центар, веќе го пресековме, ја активиравме банкарската гаранција, а сега таа е откупена од страна на „Кам“ маркети и веќе започната е да се гради деловната зграда. За доправање и опремување на општинската зграда се потрбени 400.000 евра, меѓутоа јас нема никогаш да седнам во некои поубави простории да седнам на некоја поубава столица, а Хром да нема спортска сала или да нема инфраструктура или детски игралишта, така што вселувањето би било во некои подобри времиња„ порача Наумоски.

Можеби ќе ве интересира

Скопје под засилена контрола: Санкционирани 113 мотоциклисти, 45 без кацига

C +

Времето денес променливо облачно, со услови за слаб дожд

C +

СДСМ: Мицкоски веќе се подготвува да ги внесе Бугарите во Уставот – комисијата работи цело време

C +