Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Невработеноста за вториот квартал од 2021 година на историски најниско ниво од 15,9%

Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев;

Невработеноста за вториот квартал од 2021 година на историски најниско ниво од 15,9%. Во споредба со истиот период во 2020 година, истата е намалена за 4,8%. 📉

➡️ Стапката на вработеност од крајот на 2020 година наваму расте со темпо како и пред пандемијата, со раст од 1,5% во последните три квартали;

➡️ И понатаму стапката на вработеност е доста висока кај мажите, на ниво од 55,8% и е многу блиску до просекот на ЕУ (60%), за разлика од жените кај кои оваа стапка изнесува 38,7%.

Оваа Влада посветено работи на корекција на овој дисбаланс преку активните мерки за вработување каде оваа година за првпат се воведе принцип на искористување на овие мерки во сооднос 60% за жени и 40% од буџетот да бидат издвоени за поддршка на вработување на мажи.

Земајќи ги предвид традицијата и нискиот опфат на деца во претшколска дејност, оваа Влада работи на изградба и отворање детски градинки низ целата земја како никогаш до сега, што дополнително треба да влијае на активирање на голем дел од женската популација на пазарот на труд.

Можеби ќе ве интересира

Кампањата „Супер добри дела“ на Рудник САСА ги инспирираше децата од Македонска Каменица да станат еко-херои

ДЕСК

Бугарија воведе забрана за извоз на дизел и керозин поради американските санкции кон Русија

C +

OKTA: Финансиски резултати за третиот квартал и првите девет месеци од 2025

ДЕСК