11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
ТЕМАБИЗНИСМОЗАИК

“ДИШЕТЕ СЛОБОДНО!” – Оваа компанија им даде една недела одмор на работниците поради стрес

„Најк“ на своите вработени во канцелариите на компанијата им даде една недела одмор овој месец. Според CBS News, компанијата се одлучила на таков потег со цел вработените да се ослободат од стресот.

Објавата за слободниот ден за вработените во канцелариите на Најк беше објавена на LinkedIn од глобалниот маркетинг менаџер на Најк, Мет Марако.

– Со ова испраќаме јасна порака: Одвојте време да се опуштите, да се справите со акумулираниот стрес и да поминете време со саканите. Не работете, напиша Марако на LinkedIn.

– Во вакви времиња, јас сум многу благодарен што бев дел од овој тим. Во оваа година (или две) кои се толку различни од другите, одвојувањето време за одмор и закрепнување е клучно за одржување на менталното здравје, но и понатамошна ефикасна работа – додаде менаџерот на Најк во објавата.

– Не е само една недела одмор, тоа е признание дека можеме да го ставиме менталното здравје на прво место и да продолжиме да ја работиме нашата работа – напиша Марако.

Најк не е првата компанија што направила таков потег. Претходно, ова го правеше компанијата Bamble, која на своите вработени, 700 од нив, им даде една недела одмор со цел да спречи согорување на т.н. Burnout.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Можеме ли да избегаме од стресот: Еве како тој влијае на вашето тело

M T

Ставете ги слушалките и опуштете се: Омилената музика штити од стрес и „нездрава“ храна

M T

„Мамурен“ 6 месеци, а бара отштета од 200.000 фунти: Човек ја тужи компанијата затоа што со алкохол го „оштетил мозокот“ на тим билдинг

M T

СДСМ: После одморот Мицкоски и пратениците од ВМРО-ДПМНЕ пак со неработа

M T

ЛОШ СПОЈ ЗА ПАТУВАЊЕ – Овие хороскопски знаци НИКОГАШ не треба да одат заедно на одмор

M T

НАМАЛЕТЕ ГО ХОРМОНОТ НА СТРЕС – Овие 10 намирници го намалуваат кортизолот

M T