1. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМОЗАИККУЈНАИЗБОР

Погледнете го трикот што ја чисти рерната подобро од сода бикарбона и оцет

Што и да користите вообичаено за чистење на рерната, веруваме дека ќе сакате да го испробате овој метод на чистење, за кој многумина тврдат дека е поефикасен од сода бикарбона и оцет или силните средства за одмастување и жицата за стружење.

Тоа веднаш ќе ги отстрани маснотиите и нечистотијата од вратата на печката, како и од стаклениот дел и од металната рамка на вратата.

Се што ви треба за овој трик е таблета за миење садови (или две) и сад со топла вода. Користете само компресирани таблети во прав, а не гел таблети.

Потопете ја таблетата во вода и држете ја натопена доволно долго за да апсорбира малку вода, но не премногу долго за да не почне да се распаѓа. Потоа едноставно истријте ја вратата со таблетата, сунѓер не е потребен! Користете ја дланката за да ја движите таблетата во кружни движења за да ги отстраните дамките и маснотиите.

Ако таблетата почне да се суши, натопете ја повторно. Овој трик е одличен за чистење на стаклото на вратата на печката, но исто така е ефикасен и на метална рамка, може да биде потребен само посилен притисок. Кога ќе завршите, избришете ги остатоците од таблетата и нечистотијата со влажна крпа.

Таблетите за машина за миење садови се направени од концентрат на детергент, поради што ја отстрануваат дури и најтврдокорната маст и ги оставаат садовите сјајни. Овие моќни состојки делуваат и на дамки од маснотии и печена храна што остануваат во рерната. Покрај тоа, таблетите имаат абразивна површина што ги чисти и најтврдокорните дамки, но е доволно нежна за да не го изгребат стаклото на вратата на печката.

Можеби ќе ве интересира

На кого ќе му тргне овој месец? Месечен хороскоп за август!

ДЕСК

Дневен хороскоп за 1-ви август 2025

ДЕСК

Родено „најстарото бебе“ во светот

C +