Јадењето дома може да биде неформално и без премногу правила, но во ресторан треба да се придржувате до правилната етика.
Тоа вклучува конзумирање храна без да се сркање и мљацкање, како и користење одредени прибор за јадење.
Позицијата на вилушката и ножот на чинијата може значително да придонесе за целокупната атмосфера на јадење во ресторанот бидејќи така на келнерот му испраќате одредени пораки за кои можеби не сте ни свесни.
1. Се уште јадам
Кога сакате полека да уживате во оброкот без келнерот да се мота околу вашата „глава“ или, не дај Боже, да ја земе чинијата пред да завршите со јадење, важно е вилушката и ножот да ги ставите на чинијата под агол од 45 степени, односно со приборот да формирате пирамида на чинијата. На тој начин, ќе порачате: „Се уште јадам“.
2. Ја очекувам следната порција
Кога ќе завршите со јадење, но сакате да им кажете на келнерите да ви ја донесат следната порција, ќе направите крст со вилушката и ножот во средината на чинијата.
3. Завршив со јадење
Кога ќе завршите со јадење и не сакате да јадете повеќе, вилушката и ножот ќе ги поставите во исправена паралелна положба, односно нормално на чинијата. Тоа е јасен знак за келнерот дека може да ја тргне вашата чинија и прибор за јадење од масата.
4. Беше исклучително
Кога сакате да им искажете комплимент на келнерот и готвачот, вилушката и ножот ќе ги поставите хоризонтално во средината на чинијата, рамо до рамо. На овој начин сигурно ќе донесете насмевка на лицето на угостителскиот персонал.
5. Не ми се допадна
Ако не ви се допадна јадењето, сигурно ќе оставите поголема количина храна на чинијата. Исто така, јасно ќе ја соопштите оваа порака ако го „повлечете“ ножот низ вилушката и го оставите приборот на чинија под агол од 45 степени.