23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Годишно враќаме во просек по 800 милиони евра назад кај граѓаните

„По сите основи се враќаат парите назад кон граѓаните. Годишно враќаме во просек по околу 800 милиони евра, тоа се 3 милијарди и 200 милиони евра за 4 години. Пари што претходно се трошеа за споменици, музеи, во Белизе…Денес тие пари се враќаат кон граѓаните и продолжуваме да ја јакнеме економијата“ рече премиерот Зоран Заев на трибината „Најдоборо за нашата општина“ во Валандово.

Тој додаде дека во четирите години власт на СДСМ постојано се намалува и стапката на невработеност.

„Во 2017 година стапката на невработеност беше 24 проценти, а сега после пандемијата и кризата таа е 16 проценти. Приходите во буџетот растата и во споредба со 2019 година, што ни покажува дека се зајакнува еконоијата“ рече Заев.

Тој додаде дека стапакта на невработенсот кај младите од 57 проценти е намалена на 40 проценти и најави нови програми за вработување на младите кои ќе започнат од есента.

„Позитивните економски параметри потврдуваат дека се исправни политиките кои ги водииме и тие носат резултати. Само по тој пат можеме да доживеме економски стандард каков што се надеваме и каков што треба да имаме како европска земја“ рече Заев.

Премиерот додаде дека крајната цел на сите политиките, без разлика дали се меѓународни или домашни е зголемен економски раст и правењето на земјава во подобро место за живеење.

„Резултатите ги имаме, нема веќе плати по 8 и пол, 9 илјади. Минималната плата пред 4 години беше 9 илјади, а денес е над 15 илјади. Тоа направи и сите други плати да растат. Пред 4 години просечната плата беше 22.500, а денес изнесува над 28 илјади“ рече Заев.