Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈАвест

Заев: Целиот свет не почитува поради нашите политики

„Можете да видите каква почит и поддршка ни дава целиот свет поради политиките кои ги градиме. Северна Македонија никогаш немала ваква поддршка и почит и тоа треба да го искористиме. Аманет ни е да направиме и да оставиме повее за нашите деца“ рече премиерот Зоран Заев на трибината „Најдоброто за нашата општина“ во Валандово.

Тој додаде дека земјава продолжува да биде премиер со пријателските политики што ги негува и со решавањето на историски прашања.

„Сите договори што ги постигнавме и дома и надвор и политики кои ги водиме се поради економијата. Постигнавме убав баланс и еднакво општество за сите, за да имаме мир и стабилнсот, за подобар економски стандард“ рече Заев.

Тој додаде дека освен успехот на меѓународен план, во изминатите 4 години има постојан раст на минималната и просечната плата.

„Резултатите ги имаме, нема веќе плати по 8 и пол, 9 илјади. Минималната плата пред 4 години беше 9 илјади, а денес е над 15 илјади. Тоа направи и сите други плати да растат. Пред 4 години просечната плата беше 22.500, а денес изнесува над 28 илјади“ рече Заев.

Премиерот додаде дека освен растот на платите, продолжува и враќањето на парите кај граѓаните и кажа дека годишно се враќаат во просек по 800 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +