22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОРТОП ВЕСТИ

СДСМ: Преку „Мој ДДВ“ вратени над 36 милиони евра кон речиси 400.000 граѓани за две години

Управата за јавни приходи преку проектот „Мој ДДВ“ како дел од ДДВ-то искажано во фискалните сметки во изминатите две години на 399.000 корисници им исплати над две милијарди денари, односно 36,3 милиони евра, соопшти СДСМ.

„Преку ‘Мој ДДВ’ во првата година вратени се над 670 милиони денари, а во втората година од повратот на ДДВ преку скенирани фискални сметки 1,5 милијарда денари завршија назад во семејните буџети на граѓаните.

Речиси 414 милиони денари им се исплатени на граѓаните само во првите три месеци од оваа година. Веќе неколку месеци за купени македонски производи се враќа дел од ДДВ во висина од 20 %, што значи директна помош за домашната економија.

Постојаниот раст на бројот на корисници на апликацијата „Мој ДДВ“ е силна потврда дека ова е еден од најдобрите и најуспешни проекти на Владата предводена од СДСМ.

Граѓаните со сигурност знаат дека на секои три месеци се исплаќа повратот на ДДВ-то на нивните трансакциски сметки, но знаат и дека на тој начин даваат придонес во борба против сивата економија.

Како одговорна партија продолжуваме да создаваме и спроведуваме мерки и политики за унапредување на квалитетот на животот на сите граѓани“, се наведува во партиското соопштение.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T