Што ако добиете линк, број или е-mail од непознат број на Вибер?
Линкови, e-mail адреси и броеви од непознати извори може да предизвикаат значителна штета. Од Вибер известуваат како да се заштитите.
За да бидете заштитени од измама, активирајте ја опцијата Spam check, која моментално е овозможена за верзии на Android и за десктоп, и наскоро ќе биде достапна на iOS.
Како да го направите тоа?
За Viber на десктоп кликнете More > Settings > Privacy and Security.
За Viber на Android Settings > Privacy > Auto spam check.