22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСМОЗАИКИЗБОР

Милијардер открива – еве зошто богатството не се остава на децата

Американскиот милијардер Ворен Бафет не сака да им остави богатство од 100 милијарди долари на своите деца, а се знае и зошто се решил на тоа.

Најголемиот дел од своето богатство го донираше во добротворни цели.

Инвеститорот минатата недела рече дека е подобро да се искористи неговото „неразбирливо“ богатство за филантропска работа отколку да биде дел од портфолиото за инвестиции на неговите деца.

„Откако набљудував многу супер-богати семејства, еве ја мојата препорака: оставете им на вашите деца онолку за да можат да сторат што било, но не толку многу за да не можат да сторат ништо“, напиша тој во обраќањето до акционерите, додавајќи дека и неговите деца се ангажирани во филантропска работа која вклучува трошење пари и време.

Според 90-годишниот Бафет, тој забележал дека династичкото однесување или пренесувањето на големо богатство од една генерација на семејство во друга е поретко во САД отколку во другите држави. Тој се надева дека неговото размислување ќе придонесе за поинаков став кон богатството.

Како што објави „Вашингтон пост“ во 2014 година, тоа не значи дека неговите деца, кои се на шеесетина години, не добиле дел од неговото богатство. Секој од нив доби фондација вредна две милијарди долари.

Обраќајќи им се на акционерите, Бафет истакна дека акциите на конгломератот Беркшир Хатавеј, вредни 4,1 милијарди долари, биле донирани во пет добротворни организации, што е дел од неговата цел да донира 99 проценти од богатството до крајот на животот.

Тој рече дека неговата филантропија е „најлесното дело на светот“ затоа што дарувањето е безболно и може да го направи вашиот и животот на вашите деца подобар.

“Низ децениите, добив неразумна сума пари правејќи го она што го сакам. Не се жртвував, ниту пак семејството. Комплексни интереси, долги патувања, прекрасни соработници и нашата неверојатна земја едноставно направија магија. Нека општеството ги користи парите, јас не морам “, рече тој.

Бафет во 2006 година објави дека ќе донира најголем дел од своето богатство, потсетува CNBC.

Можеби ќе ве интересира

4 хороскопски знаци кои се најпопустливи родители: Тие ја играат улогата на „добриот полицаец“

M T

МВР: Да ги заштитиме децата во сообраќајот! Безбедноста зависи од сите нас!

M T

Возачите да бидат внимателни, а децата запознаени со сообраќајните правила, апелира советот за безбедност во сообраќајот

M T

ФИНАНСИСКИ хороскоп за есен 2022: Овие три знаци би можеле да ги наполнат паричниците

M T

Истражувањата покажуваат: Луѓето фантазираат за богатство, но не се алчни

M T

НЕМА ВЕЌЕ ДИЛЕМА: Психолозите открија кој повеќе ги нервира жените – сопругот или децата?

M T