Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Влада усвои ревидиран Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026) – Арбен Фетаи: „Транспарентноста останува еден од главните приоритети на оваа Влада“

На денешната владина седница беше усвоен ревидираниот Акционен план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), во делот кој се однесува на роковите и институциите одговорни за спроведување на активностите.

Работната група, составена од претставници на различни институции, која беше одговорна и за ревидија на Акциониот план на Стратегијата за транспарентност (2023-2026), од септември интензивно работеше на ажурирање на актуелниот план, со цел институциите да обезбедат уште по транспарентен пристап кон граѓаните.

Заменик-претседателот задолжен за политики на добро владеење, г-дин Арбен Фетаи, изјави дека „Транспарентноста е и останува приоритет на оваа Влада. Со оваа одлука обезбедуваме Стратегијата за транспарентност да се спроведува со забрзан ритам и со целосна одговорност.“

Важно е да се истакне дека во финална фаза е и формирањето на новата Работна група за изработка на Стратегијата за транспарентност 2027-2029.

ФОТО: Кабинет на заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за политики на добро владеење

Можеби ќе ве интересира

Филипче со детали од новиот Закон: Сите тендери и јавни набавки ќе се водат преку блокчејн платформа

C +

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница

C +

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +