22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија

Европските интеграции не смеат да бидат заложник на билатерални прашања. Преговорите со ЕУ не смеат да се претворат во преговори со Бугарија, пишува премиерот Зоран Заев на социјалните мрежи.

Премиерот е дециден дека нашиот напредок во ЕУ интеграциите првенствено треба да зависи од домашните реформи врзани со поглавјата, законодавството на ЕУ и постигнување на европските стандарди.

„Европските лидери мора сериозно да земат предвид дека бескрајните и повторувачки разочарувања неминовно им ја отвораат вратата и ги охрабруваат евроскептиците. Токму затоа ЕУ мора да изнајде формула како да го одржи зборот и да го продолжи проширувањето на Западен Балкан. Покажавме храброст и искрена волја за решавање на билатералните односи преку взаемно почитување и заштита на националното достоинство. Во преговорите или во рамката не треба да се внесуваат билатерални прашања. Тоа е опасен преседан, и тоа е став кој го делат сите останати земји-членки на ЕУ“, пишува Заев.

Тој и денеска повтори дека македонскиот национален идентитет е невозможно да биде предмет на преговори. Никој и со ниту еден акт, додава Заев, не смее да ги доведе во прашање човечкото достоинство, еднаквоста и солидарноста, владеењето на правото и човековите права.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Отворени се преговорите со Европската Унија

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

Зоран Заев: Нека ни е честит и вечен Денот на демократијата

M T

Маричиќ: Преговорите се отворени, македонскиот тим е спремен за почеток на скрининг процесот

M T

СДСМ: Започнува скрининг процесот, нов чекор од патот кон ЕУ

M T

СДСМ: Мицкоски е против ЕУ, референдумот е поради негови лични и партиски цели и нема да успее

M T