22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев од Брисел: Португалскиот предлог нуди решение, Бугарија и ЕУ да ги исполнат очекувањта на граѓаните

Перспективата за постигнување на реален исчекор во процесот на европската интеграција на Република Северна Македонија, била во фокусот на денешната средба на премиерот Зоран Заев и претседателот на Бугарија Румен Радев на завршницата на Самитот на НАТО во Брисел изјави македонскиот премиер во разговор за Телма.

-Бугарскиот претседател Радев ја подвлече принципиелната и континуирана поддршка за иднината на Република Северна Македонија во ЕУ, како и очекувањето на Бугарија за непосреден и активен политички дијалог низ кои ќе бидат разрешени отворените прашања во меѓусебните односи, како и заедничката волја за постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи меѓу Бугарија и Северна Македонија, за исполнување на очекувањата на граѓаните во двете земји, појасни Заев.

Според него билатералното партнерство во областа на безбедноста и одбраната, и можноста за проширување на соработката во областа на воената обука и размената на кадети меѓу двете земји, но и економските придобивки од португалскиот предлог се едни од најважните цели кои двете земји треба да ги спроведат во иднина.

-Разговаравме со Радев, не смееме да ги креваме очекувањата бидејќи се работи за техничка влада, услови во кои нема парламент во Бугарија и не очекувам нешто драматично да се случи но многу е важно да правиме се, особено поради поддршката што ја имаме од светските демократски лидери, но важно е да се знае дека со Бугарија имаме билатерален проблем кој мора билатерално да го решаваме, и верувам дека ќе бидеме доволно мудри и пред се одговорни, двете страни, не зборувам само за нашата страна, затоа што сум убеден како што е аспирација на нашата страна да се членува во ЕУ, така е и цел градење на пријателски односи со сите наши соседи вклучително Бугарија и бугарскиот народ, тврдам дека тоа е и обратно и верувам дека за овој сосед исто така е желба Северна Македонија да продолжи на европскиот пат затоа што тоа носи преидобивки за двете земји, рече Заев.

Заев најави дека очекува храброст и европско лидерство, но и дека не треба да се откажеме од евроспкиот пат поради ова прашање бидејќи сите аргументи се на страна на Република Северна Македонија во постигнувањето на решение.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски: Отворени се преговорите со Европската Унија

M T

Каевски: Историско поглавје од преговорите со ЕУ, започна скрининг процесот

M T

Маричиќ од Брисел: Скринингот ќе ги забрза реформите, имаме основа да напредуваме со добро темпо

M T

Маричиќ: Преговорите се отворени, македонскиот тим е спремен за почеток на скрининг процесот

M T

Османи: Велат дека сме платиле висока цена за почеток на преговорите, но времето ќе покаже дека одлуката била правна

M T

СДСМ: Доста беа лаги, почнавме преговори со ЕУ со зачуван идентитет

M T