Centar.mk
ТЕМАТЕХНОЛОГИЈА

Нова опција на ФБ и Инстаграм – скријте ги лајковите

По две години тестирање, Фејсбук воведува нова опција – криење лајкови.

Фејсбук работи на оваа опција од 2019 година и сега тие одлучија да ја објават на ФБ и Инстаграм.

Компанијата објаснува дека многу корисници „страдаат“ кога имаат мал број лајкови и се чувствуваат засрамено затоа што немаат доволно лајкови.

Ова е проблем на помладите корисници на социјалните мрежи затоа што во денешното општество се ценат лајковите и ако имате мал број од нив, не сте доволно популарни, па на крајот го бришете објавувањето, се наведува во соопштението на компанијата.

Исто е и на Инстаграм и Фејсбук сака да им помогне на помалку популарните луѓе на социјалните мрежи криејќи лајкови.

Како и да звучи ова, ФБ ја воведува оваа опција и наскоро ќе можете да го скриете бројот на лајкови на двете социјални мрежи и само вие ќе можете да видите колку лајкови имате на објавите.

Можеби ќе ве интересира

error: Соддржината е заштитена.