22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Белиот мантил денес е светост и се почитува од сите, само ВМРО ДПМНЕ го користи за потсмев и некрофилна кампања

Белиот мантил денес е светост и се почитува од сите, само ВМРО ДПМНЕ го користи за потсмев и некрофилна кампања, велат од СДСМ.

– Очајниот губитник Христијан Мицкоски не престанува да ја злоупотребува несреќата на граѓаните заради дневно партиски цели.

Белиот мантил денеска е светост и се почитува од сите, само ВМРО ДПМНЕ го користи за потсмев и некрофилна кампања.

Бел мантил нека остават на белиот дворец, за да ги потсетува дека за 11 години ништо не направија за докторите. Напротив, системски се уништуваше јавното здравство и се погазуваа правата на пациентите.

Денес, оваа партија предводена од некрофилот Мицкоски секојдневно ги деградира лекарите, здравствените работници, кои посветено, стручно и без да се штедат со месеци се борат со коронавирусот.

Огромна е разликата меѓу очајното, некфорилски настроено ВМРО-ДПМНЕ и одговорниот пристап на СДСМ.

За само три години Владата предводена од СДСМ основната плата на лекарите специјалисти ја покачи за 40%, на општите лекари за 25%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23% на сестрите што работат на клиниките, а за 5% на здравствените соработници и на помошно-техничкиот персонал.

Ова беше незамисливо за време на владеењето на криминалната и режимска ВМРО-ДПМНЕ. Осум месеци, граѓаните, здравствените работници, институциите, целиот свет, постојано се борат против коронавирусот. Осум месеци, ВМРО-ДПМНЕ само прави штета и го поткопува здравствениот систем. Со таков однос кон граѓаните и јавното здравје, нека не се чудат зошто се во опозиција и зошто уште долго таму и ќе останат, реагираат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T