Во понеделник напладне Регулаторната комисија за енергетика на реовниот неделен состанок ќе ги утврди новите цени на горивата по кои ќе се точи бензинот и нафтата од вторник.
Со последните промени на 16.11 горивата поскапија и малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 во моментов изнесува 60 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 се продава за 61,5, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 51 денари за литар.