Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Почна исплатата на помошта: Државата подели од 14 до 21.700 денари на речиси 12.000 фирми за секој од 58.302 вработени лица

Управата за јавни приходи известува дека досега се одобрени 13 696 барања за финансиска поддршка за исплата на плати за вработени за месец октомври 2020 година а на 11 954 работодавачи е исплатената финансиската поддршка.

Вкупната исплата досега изнесува 907 292 339 денари а опфатени се 58 302 вработени.

Во тек е процесирањето на исправките на обрасците БФП-ИП/2 и образецот за Месечна пресметка за интегрирана наплата (МПИН), по чија обработка Управата за јавни приходи дополнително ќе информира со соопштение.

Мерката за помош за плати е дел од четвртиот пакет мерки за справување со ковид кризата, според кои ќе бидат опфатени компаниите кои претрпеле намалување на приходите поради коронавирус пандемијата. Ваква помош ќе добијат илјадници вработени во многу фирми за месеците октомври, ноември и декември.

Можеби ќе ве интересира

Светските цени на храната паднаа по четири години, најголемо поевтинување кај житарките

ДЕСК

ПОСЛЕДНАТА ПРОДАВНИЦА ВО СЕЛОТО СЕ ЗАТВОРА – Што значи кога едно место полека престанува да живее?

ДЕСК

ПРОТЕСТИ ПРОТИВ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА – Активисти влегоа на градилиште на „Мајкрософт“ во Амстердам

ДЕСК