Centar.mk
БИЗНИС

Гувернерот Славески во работна посета на Банката на Англија

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари работна посета на Банката на Англија во Лондон, заради засилување на билатералната соработка и за размена на експертски искуства со една од најстарите и најзначајни централни банки во светот.

Во текот на посетата, гувернерот Славески оствари повеќе работни средби со високи претставници на Банката на Англија, меѓу кои и со гувернерот Ендрју Бејли.

Особено значаен дел од агендата беа активностите поврзани со управувањето со златните резерви. Во тој контекст, беше организирана посета на трезорот на Банката на Англија, каде што Народната банка ги чува резервите во монетарно злато, заради подобро запознавање и увид во оперативните процедури за чување и ракување со монетарното злато, сигурносната заштита и во можностите коишто Банката на Англија ги нуди за пристап до пазарот за злато во Лондон, како најголем светски пазар преку шалтер на овој благороден метал.

Гувернерот одржа и работни средби со главниот економист на Банката на Англија, Хју Пил, и со заменик-гувернерката Сара Бриден. На средбите се разговараше за актуелните предизвици во спроведувањето на монетарната политика и за технолошките иновации во секторот на финансии.

Посетата беше во организација на Центарот за студии од областа на централното банкарство (CCBS) при Банката на Англија.

Можеби ќе ве интересира

Анализа: Владата ја заокружува поддршката од 250 милиони евра, досега реализирани 242 милиони

ДЕСК

Energy Delivery Solutions Инфо Поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 20ноември 2026 изнесува 219,02 евра за мегават час, на МЕМО 125,08 евра за мегават час

ДЕСК

Новогодишна кампања на Телеком: „Времето лета. Направете место за вистинско поврзување“

ДЕСК