Утре и во среда ќе преовладува облачно и врнежливо време. Врнежите ќе започнат утре кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во среда ќе престануваат на југоистокот.
Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови. Од петок наутро ќе е постудено, а во сабота има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.
Прогноза за 18.11.2020
Минимална температура: 2°C до 8°C
Максимална температура: 9°C до 12°C
Претпладне облачно со врнежи од дожд, позастапени во јужните делови. Попладне облачноста на места делумно ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.
Прогноза за 19.11.2020
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 9°C до 15°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер.
Прогноза за 20.11.2020
Минимална температура: -4°C до 5°C
Максимална температура: 8°C до 14°C
Сончево со умерена облачност, попладне облачноста ќе се зголеми. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.