7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадинов: Како пратеници имаме обврска да ги поддржуваме и почитуваме препораките и насоките на здравствените власти

Одгoвор на новинарско прашање, Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

Новинарско прашање: Вонредена состојба немаме сега се на сила здравствените мерки Ковид Пандемијата дали според пратеничката група на СДСМ има потреба од порестриктивни мерки поради овие послени бројки?

Одговор: Имаме обврска како политичари, но пред се како граѓани да ги почитуваме мерките којшто и сега се во сила. Од друга стана како одговорни пратеници, јас но и сите мои колеги да ги поддржуваме препораките и насоките на здравствените власти. Од тој аспкет сите знаеме како и јавноста дека веќе има сет на мерки кои се порестриктивни коишто дел од нив бараат и законски измени, ако се држиме до она што е препорака на здравствените власти убеден сум дека ќе успеема да се справиме со оваа тешка здравствена криза, но и економска криза. Овде ја користам приликата и да упатам апел до сите граѓани за максимално почитување на мерките за носење на маска и држење дистанца и да не се групираме. Само на тој начин можеме да го неутрализираме вирусот. Тоа го прави цел свет, цела европа и за тоа сме должни пред самите себе, пред семејставата, пред граѓаните и пред државата.

Можеби ќе ве интересира

Претреси во домови за стари лица во Скопје под сомненија за нехуман третман

ДЕСК

Мојсоска: Не смееме да молчиме пред геноцидот врз палестинскиот народ – македонскиот народ секогаш бил на страната на угнетените

ДЕСК

Од денес почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип на ризичните групи – имунизацијата е најефикасна мерка за заштита на здравјето

ДЕСК