15. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

До петок поројни дождови – УХМР издаде метео предупредување

Под влијание на влажен бран во попладневните часови во западните делови ќе има врнежи од дожд, кои во текот на ноќта ќе се интензивираат и ќе се прошират во останатите подрачја.

Пообилни врнежи ќе има во северозападните делови (над 30 л/м2). Врнежите ќе продолжат и во петок кога локално ќе бидат проследени со појава на грмежи.

Потоа следува период на претежно стабилно време со ниски утрински температури.

Прогноза за 17.10.2020
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 15°С до 23°C
Сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Прогноза за 18.10.2020
Минимална температура: 2°C до 10°C
Максимална температура: 13°C до 21°C
Утрото ќе биде студено. преку денот променливо облачно со сончеви периоди. На места ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Прогноза за 19.10.2020
Минимална температура: 1°C до 9°C
Максимална температура: 12°C до 19°C
Утрото ќе биде студено. преку денот сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

Царинска управа: Запленети 204 банкноти и монети за колекционерски цели

C +

СДСМ: Доста беа приказни, за еколошката катастрофа во Скопје мора да има политичка и кривична одговорност

C +

Утрово, нестабилно време на исток, преку денот сончево и ветровито

C +