7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Невреме со обилни врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

Под влијание на циклонска активност претпладнево времето ќе биде облачно со врнежи од дожд.

Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме со пообилни врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи.

Прогноза за 15.10.2020
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 18°С до 25°C
Променливо облачно. Попладне и во текот на ноќта, почнувајќи од запад, ќе има врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 16.10.2020
Минимална температура: 7°C до 14°C
Максимална температура: 16°C до 25°C
Променливо облачно со врнежи од дожд, особено претпладне. На места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува умерен јужен ветер.

Прогноза за 17.10.2020
Минимална температура: 4°C до 12°C
Максимална температура: 15°C до 23°C
Променливо облачно со сончеви периоди. На запад ќе има услови за појава на краткотраен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ НЕВООБИЧАНО ВИСОКИ – Синоптичарите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија кај Кочани: Во тешка сообраќајка еден загинат, неколкумина повредени

ДЕСК

СДСМ бара оставка од Тошковски, вооружените инциденти покажуваат распад на безбедносниот систем

ДЕСК