Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

Времето „лудува“: Дожд, снег и силен ветер – Што нè чека до среда?

Денес и утре ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 40 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на грмежи. Утре поради продор на постудена воздушна маса на повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Во почетокот на следната седмица утринските температури значително ќе опаднат. Нови локални врнежи од дожд се очекуваат од вторник.

Прогноза за 24.11.2025
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: 7°C до 13°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.

Прогноза за 25.11.2025
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 9°C до 16°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има услови за локален дожд.

Прогноза за 26.11.2025
Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 10°C до 16°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. На повисоките планини врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од југозападен правец.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК