9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Парична казна за гостилницата на „Боемска“ каде што беше затекнат Христијан Мицкоски за време на eпидемија

Скопското основно јавно обвинителство поднесе предлог за изрекување казни против две физички и едно правно лице, гостилница на улицата Боемска во Скопје, поради сомнение дека на 3 јуни сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

Како што е познато во јавноста, станува збор за случајот кога лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, беше затекнат во внатрешниот простор на ресторан во време кога тоа не беше во согласност со здравствените протоколи за превенција од ширење на Ковид-19.

„Обвинетите на 3 јуни, во периодот од 13:30 до 18 часот, во угостителски објект на улицата Боемска не постапиле согласно прописите и наредбите за спречување на ширењето на заразната болест Ковид-19. Првообвинетата, како сопственик и менаџер на обвинетото правно лице, не го организирала процесот на работа на угостителскиот објект согласно Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана“, објаснуваат од обвинителството.

Второобвинетиот – вработен во правното лице, во наведениот период го отворил за работа внатрешниот, затворен дел на госилницата, каде петмина гости биле послужувани со храна и пијалаци .

„Со овие дејствија обвинетите сториле кривично дело санкционирано во ставот 1 од член 206 од Кривичниот законик, а правното лице – кривично дело предвидено во ставот 2 од истиот член“, стои во соопштението.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на Основниот кривичен суд во Скопје на двете физички лица да им изрече парични казни од по 2.500 евра, додека за правното лице предложил парична казна во висина од 150.000 денари.

Од Обвинителството појаснуваат и дека од кривично-правен аспект, затекнатите гости не подлежат на кривична одговорност.​

Можеби ќе ве интересира

Денеска е значаен празник: Светиот великомаченик Пантелејмон

ДЕСК

„Ако е болна на носилки во полиција“ – тензична полициска акција во мирното мало градче Демир Хисар

ДЕСК

АФРИКАНСКИ ТОПЛОТЕН БРАН НАД МАКЕДОНИЈА, ТЕМПЕРАТУРИ И НАД 40°C – Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК